• вторник, 12 ноември 2024

Стоилковски: Ралев и Данева Маркова да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин

Стоилковски: Ралев и Данева Маркова да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин
Скопје, 5 јануари 2022

СДСМ застана во одбрана на кршење на закони и криминално работење. Или Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседател на СДСМ не си ги знае статутот и функциите во партијата, односно дека членовите на ИО се високи функционери во највисоко партиско тело, а не советници, или  вчера се обиде да направи груба манипулација и да ја излаже јавноста.

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, ИО го претстави како советодавно тело, деградирајќи ги функциите на членовите на ИО, додека во статутот на СДСМ, инаку надополнет во мај лани,  документ доставен до Централниот регистар и до Судот, јасно стои членот 33 којшто определува какви функции има ИО, дека е политички орган којшто ја гради политичката волја на партијата, со високи внатрешни овластувања за именувања и разрешувања. Членови на ИО не се советници како што Бисера нагласува, напротив се високи партиски функционери со определена функција и овластувања во партијата.

Спротивно на законот за високото  образование, пиунот Ковачевски во ИО именува декан и продекан за негови членови.

Со тоа, професорите  Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, Ана Данева Маркова продекан од медицинскиот факултет се поставени и прифатиле високи партиски функции, спротивно на законот за високо образование.

Ковачевски уште не седнат на „Илинденска” не види сметка за законите; а ниту професори декан и продекан на факултети не си поднесуваат оставки веќе четврти ден или било каква морална одговорност за тоа.

Наспроти вистинска реакција, Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседателка на СДСМ, вчера повторно го облече скафандерот за лаги и манипулации во одбрана на заевизмот, изнесувајќи невистинити тврдења во одбрана на кршењето на Законот за високо образование, донесен од СДСМ.

Образованието во Македонија тоне, а врвот на СДСМ го следи Заев и заевизмот и не ги почитува ниту сопствените закони, ниту пак  сопствените документи во партијата.

Инсистираме на почитување на законот, СДСМ од ИО да ги разреши Ралев и Данева Маркова, а тие да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин.

Истовремено, бараме извинување и оградување од СДСМ од обидот на Бисера Костадиновска Стојчевска – потпретседател на СДСМ да ја лаже и манипулира јавноста.

Наум Стоилкоски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан