• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби

Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби

Скопје, 7 април 2024 -

Во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции, Претседател на држава и Агенцијата за разузнавање.

Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Постои основано сомневање дека делува мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ, а зад ова седат Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач и сега генерален секретар Миле Зечевиќ, како и мешетарот Асаф Еисин.

Следејќи ги фактите, веројатноста е дека посредник е Миле Зечевиќ, поранешен разузнавач, сега генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се  Стево Пендаровски, поранешен полициски службеник, се уште  претседател на држава и кандидат на СДС за претседател, а вклучен е и Еролд Муслиу, лице од доверба на Пендаровски, поставен од него за директор на Агенцијата за разузнавање.

Во јавноста се лиферувани фалсификувани документи, со фалсификувани потписи, што е кривично дело, а со цел за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и со цел против изборите. Вакви зафати се дел од понудата на Асаф Еисин, консултант на СДС и на Пендаровски. 

За да биде појасно, еве ја шемата зад мене.

Потсетувам, Асаф Еисин бил консулстант ангажиран од социјалдемократите, наведе Пендаровски сам.

Неговиот кабинет за медиумите дополнува: партијата која го поддржува на претстојните избори ја организирала оваа средба – велат самите во допис за медиумите. 

Вака одговараат за средба со Асаф Еисин од Кабинетот на Пендаровски:

„Во однос на лицето за кое прашувате, претседателот Пендаровски и соработниците го имаат сретнато лицето во својство на консултант на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средба која ја имаше организирано таа политичка партија која и формално му ја има дадено поддршката за претседателот Пендаровски за претстојните избори".

Ова ја потврдува шемата, Зечевиќ посредник, Пендаровски и Муслиу одобрувачи и добавувачи.

Еисин креатор на фалсификати и лажни вести, својствени на групата на која припаѓа водена од Тал Ханан.

Сето тоа се доставува до близок медиум којшто заради свои интереси нуди плашт да затскрие извор со термин „свиркач“ , а СДС потоа презема и води црна кампања врз медиумски производ, со што се крие како извор на фалсификатот.

Почитувани, во интерес на вистината ќе потсетам, лиферувани се фалсификувани документи, на коишто освен логото на ВМРО-ДПМНЕ, се впишувани лажни информации, впишувани дати за кои е познато дека имало партиски состанок од којшто е дадена изјава за медиумите, а потоа се злоупотребени имиња на лица познати во јавноста, впишани им се фалсификувани потписи, а впишано е и име на лице коешто воопшто не постои, а веројатно има и потпис од непостоечкото лице.

Сето ова е кривично дело.

И СДС и медиумите соработници на СДС, соработуваат во кривичното дело, градат приказна против изборите на фалсификувани документи. И притоа, за тоа се свесни.

Оттука, посочувам на шемата, Асаф Еисин водач на кампањата со фалсификувани документи, Миле Зечевиќ посредник, Пендаровски и Муслиу одобрувачи и добавувачи.

И главното прашање од кое Пендаровски не смее ниту час повеќе да бега од одговор:

Што разговарале со Асаф Еисин, консултантот, ангажиран од СДС? Што барал Пендаровски и соработниците, како што соопшти кабинетот, на средба со Асаф Еисин, освен ако не е терање кампања за Пендаровски?

Прашал ли Пендаровски, со кои пари Асаф е платен, дали има потпишано договор СДС со Асаф Еисин, пред да седне со него, а според соопштението е запознаен дека Асаф е ангажиран?

Знае ли Пендаровски со кои пари е плаќан Еисин и дали се тоа парите од еден странски конзул којшто добива огромни тендери од РЕК Битола?

И конечно, ќе сфати ли Пендаровски дека фалсификување и лажење не се замена за неработата и не се замена за единствена понуда, а тоа е менување ставови согласно потребите на СДС?

ЗАТОА, Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да признае што се договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и дали прашал со кои пари е платен Еисин пред да седне на состанок и да договара и одобрува акции?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска беше запрашан од новинарите за коментар во врска со најновиот криминал, односно случајот каде што наводен лажен вработен во АНБ рекетирал бизнисмен во Скопје.

Вистинско прашање, вели Стоилковски, е кој бизнисмен би дал 180.000 евра на некој кој што само се претставува како вработен во АНБ, верува ли некој во првичното соопштение на ЈО, дека рекетарот само лажно се претставувал?

„Како рекетарот го убедил бизнисменот дека има врска со АНБ, за да нема друг избор и да му даде 180.000 евра во пари, накит и автомобили? И тука доаѓаме до следното, каде требало да завршат парите? Дали рекетарот се претставувал во име на Заре Милошевски, директор на АНБ и Миле Зечевиќ? Влетува ли и АНБ во листата институции поврзани со Асаф Еисин и фалсификување на документи и фалсификување на потписи? Дали овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за ангажманот за СДС? Дали и рекетираните пари во име на АНБ, требале да завршат кај Асаф Еисин“, прашува Стоилковски додавајќи дека ова се случува во време кога нема одговор за злоупотреба на Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу, за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски и за СДС со фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски посочува дека ова е доказ зошто СДС мора да си замине од власт, никој не е безбеден со оваа криминална власт. 

„Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Иднината е во рацете на народот“, посочи Стоилковски.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан