• петок, 27 декември 2024

Стоилковски: Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци

Стоилковски: Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци
Скопје, 22 ноември 2022 Интегрален текст од прес конференција за медиуми Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Продолжуваме со аферата „Паразити“, продолжуваме со објавување на платите на именувани лица од Владата додека државата колабира. Македонската железница е во кома, Македонија е железнички изолирана држава, домашниот сообраќај до Кичево или до Кочани е укинат, а релацијата Скопје - Битола трае по 10 часа, ако  патниците воопшто ја имаат среќата да стигнат до дестинацијата или пак да го дочекаат возот, ама пак затоа пари мора да се има за директорите! Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење на менаџерски позиции и за високи директорски плати. Почитувани, Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци! Сите седуммина се членови на Управниот одбор на Железници. 1. Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари. 2. Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари. 3. Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари. 4. Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари. 5. Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари. 6. Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари. 7. И секако на крај, Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, соплата околу 75.000 денари. Почитувани, За оваа состојба со парите во рамки на аферата „Паразити“ во Акционерското друштво Македонски железници мора да се напомене дека овие директори, ангажирале и петмина советници, платени советници, со позиција со „коефициент осум“ по списокот во Македонски железници, односно со плати над 60.000 денари. Почитувани, Железничкиот сообраќај е во кома, ама месечно за плати на директорите и нивните советници има и се двојат над 800.000 денари! Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола - Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот! Железници служат само за намирување на коалицискиот капацитет на оваа ненародна власт. Македонски железници е едно од претпријатијата најголемите загубари во државата, со долг од над 67 милиони евра Македонски железници во пет години, почитувани, има сменето дури шестмина генерални директори, почнувајќи од СДС, па Алтернатива, па Беса, сега повторно Алтернатива, во зависност од апетитите, или додека не се најде друго место за задоволување на апетитите на коалициските партнери на власта, како на пример Орхан Муртезани, којшто од генерален директор во Македонски железници, сега е генерален директор во МЕПСО, за кого што веќе ја објавивме платата во рамки на аферата „Паразити“! Почитувани, Од буџетот се двојат огромни пари за директори и паразити додека државните фирми работат без никаков учинок и нудат се помалку квалитет и функционалност кон народот. Паразитлукот ја изеде државата и доведе до сиромаштија, рецесија и инфлација. Потребни се избори, за да се стави крај на паразитлукот на власта! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан