• вторник, 12 ноември 2024

Стоилковски: Ковачевски да ја прифати понудата за ТВ дуел посветен на Договорот за коридорите

Стоилковски: Ковачевски да ја прифати понудата за ТВ дуел посветен на Договорот за коридорите

5 мај 2023

Почитувани,

Димитар Ковачевски мора да ја прифати понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ дуел посветен на Договорот за коридорите.

Народот е ужаснат од фактот дека се крие договор којшто за само два месеци ги чини 300 милиони евра, а лопата не е фрлена!


Народот чиишто пари се фрлаат мора да ги знае фактите, толкав договор не смее да се сокрие!


Договорот со толку штетни клаузули не може да остане сокриен од народот!


Димитар Ковачевски мора да престане да бега и мора да се соочи со фактите, јавно на ТВ дуел.


Ковачевски мора да го прифати повикот за јавен ТВ дуел од Христијан Мицкоски, на било која телевизија, којашто тој ќе ја избере!


Јавна покана за ТВ соочување за македонските граѓани да ги видат фактите за договорот за дел од коридорите 8 и 10д, да видат граѓаните како се трошат народните пари, а штом од Ковачевски доаѓаат фалби за него дека тој договор е добар, нема потреба Ковачевски да бега.


Нека излезе Ковачевски пред јавноста да дебатира и да образложи како и зошто е постигнат таков штетен договор за изградба на коридорите? Зошто Македонија е ставена во подредена позиција да плаќа пенали и стотици милиони евра на непочнати автопати?

 

Да каже зошто бил склучен штетен договор на непостоечки закони кои што предизвикуваат штета на државата и на буџетот кој што се полни од македонските даночни обврзници?

 

Нека излезе на дуел и се нека си каже, па народот сам нека процени кој е крадецот, а кој е кочничарот, односно дали се работи за историски проект или историска пљачка. Ако се е чесно нека не се крие.

Ковачевски ако има трошка доблест не смее да го одбие повикот за дебата посветена само на Договорот. Не за дебаклите во другите области, ако Ковачевски сака да бега од нив. Ако Ковачевски одбие, тоа ќе биде уште еден кукавички чин на човек фатен во злодело!

Одбивањето на дуел ќе значи и и признание дека Договорот е дотолку лош што Ковачевски не може да го одбрани.


Одбивањето на дуел ќе значи и признание дека е направена огромна, огромна пљачка на народот!


Ковачевски, собери вистинска храброст или престани лажно да се фалиш со неа надвор!

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан