• среда, 20 ноември 2024

Стоилковски: Дали пласираните фалсификувани документи од СДС се дело на Асаф Исеин и дали целта е спротивна на изборите и државата?

Стоилковски: Дали пласираните фалсификувани документи од СДС се дело на Асаф Исеин и дали целта е спротивна на изборите и државата?

Скопје, 4 април 2024

Срамниот и недостоинствен однос на СДС да се служи со фалсификувани документи за да напаѓа медиуми, агенции и секако за напад врз ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден дел од мозаикот на скандалот за странското сомнително советување на СДС и на Стево Пендаровски од контроверзниот странски консултант Асаф Исеин.

Асаф Исеин е дел од израелска група предводена од Тал Ханан за пласирање на лажни вести, црна кампања и за одлагање на избори или намалување на излезност, преку фалсификување документи и оценување на лица и агенции преку медиуми, пишува во извештајот од истрагата на најголемата меѓународна новинарска истражувачка група OCCRP, којашто тајно успеала да договори состанок и да ја снима групата што се' таа нуди.

Британскиот Гардијан ги опишува како манипулатори кои се служат со хакирање, саботирање и дезинформации на социјални медиуми, преку посебен систем којшто содржи илјадници лажни профили, меил адреси, но и сметки за трговија на интернет, сметки со биткоини, сметки за плаќање сместување ширум светот.

Во Велика Британија се опишани како тим кој нуди  мешање во избори, работеле во над 30 држави ширум светот, а работат и за корпорации за уништување на конкуренти.

Меѓународниот тим новинари во кои се и медиуми како Le Monde, Der Spiegel и El País, пишуваат и за нивно замешателство во изборни оцрнувања на политичари во Србија, за одлагање на избори во Чад, уништување на бизнисмен во Монголија, но и дека за Тал Ханан, лидерот на групата на Асаф Исеин, е отворена е истрага во Швајцарија заради фалсификувани извештаи за банкарски податоци.

Почитувани, токму тоа го посведочи Македонија вчера, лажни, фалсификувани документи, со лажни дати, лажни имиња и лажни потписи.

Почитувани, СДС повеќе не може да бега од одговори. Особено откако Пендаровски призна дека лицето е ангажирано, а јавноста вчера беше жртва на црна кампања од СДС со злоупотреби на медиуми за пласирање на фалсификувани документи.

Оттука СДС итно мора да одговорат:

Прво; кој го плаќа ова лице Асафи Исеин, дали е ангажиран од Македонија или од надвор? Дали СДС имаат договор како што налага законот, или дали на Исеин му се плаќа на рака со црни пари, вон пријавените, со што се крши законот?
Второ, од кога е ангажиран Асаф Исеин, имајќи ги предвид законските ограничувања?

Трето, која е целта на ангажманот на Асаф Исеин во Македонија, и дали таа не е спротивна на изборите и на државата?

Четврто, дали за работа на Асаф Исеин, член на групата Тал Ханан, е ангажирана најмалку уште една домашна агенција за маркетинг спотови и спроведување на анкети?

Одговорот на македонскиот народ на ваквите понижувања, одговорот кон лажните вести, одговорот на манипулациите, криминалот и корупцијата, СДС ќе го види вечерва на најголемиот и најмасовен народен собир пред Владата во 20 часот.

На народот му е доста од мешетари и мешетарење. 
 
Затоа вечерва народот тргнува по  својот избор, трга во промени во свои раце, Македонија повторно да ја направи горда.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан