• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Дали А.Ф., директор на Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, е трговец со дрога?

Стоилковски: Дали А.Ф., директор на Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш,  е трговец со дрога?

28 ноември 2024 

Почитувани,

Врските на СДС со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори.

Веројатно ќе бега и од одговор дали активистот на СДС од Радовиш, директор на меѓуопштински центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип не е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје?

Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок.

Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДС на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш?

Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и  поддржувач на партиските активности на СДС?

Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност?

Фотографиите зад мене, говорат сами за себе.

Почитувани,

СДС ја претвори Македонија во мафијашка територија. СДС со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки.

Почитувани,

Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме и да си ја вратиме државата!

Со почит,

Изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан