• среда, 18 декември 2024

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање

Скопје, 6 февруари 2024 

Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање!

Екс шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18ти јануари! Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкање.

Почитувани,

Ова е резултат на молкот на институциите, ова е резултат на наведнатата глава на СДС, ова е резултат на разузданоста, неодговорноста, замислената недопирливост на Артан Груби и на ДУИ. Половина година предупредуваме на огромни скандали поврзани со Државна лотарија, со Перпарим Бајрами, со Управниот одбор на Лотарија, и вмешаност на Артан Груби и на ДУИ во тоа.

СДС и ДУИ, кратат плати под минималец во ФЗОМ, не даваат стипендии на студентите, немаат пари за земјоделците, СДС и ДУИ ги качија сметките за струја, ама затоа за две недели во јануари СДС и ДУИ имаат 12 милиони евра за апарати за коцкање, за Перпарим Бајрами и Артан Груби да се среќни!
12 милиони евра во јануари за апарати за коцкање, се резултат на молкот на институциите и на СДС пред фактите кога уште во октомври посочувавме на насилство озаконето со потпис на Груби, за отворање нови коцкарници.
12 милиони евра за апарати за коцкање, заради молк на СДС пред врските на Артан Груби со Перпарим Бајрами и членовите на Управниот одбор на лотарија.
12 милиони евра за апарати за коцкање заради молкот на СДС пред договорот на Перпарим Бајрами со нова фирма врзана со член на УО на лотарија, за изнајмување на објект во Визбегово за 2.5 милиони евра!

Почитувани,

Нема што СДС нема да голтне и пред што нема да заврти поглед само Артан Груби и ДУИ да ги направат среќни со државни пари, нема што нема да премолчат само и само во обид да ги домолат за спас од двоен изборен дебакл СДС.

Почитувани,

Сите овие договори, вклучително и законите на ДУИ за коцкање мора да минат низ процес на ревизија. Одговорност за вакво расипништво мора да има.
Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан