• четврток, 26 декември 2024

Стоилковски: Владата плаќа рекордни 26 милиони долари за лиценци, а нема за лекови и учебници

Стоилковски: Владата плаќа рекордни 26 милиони долари за лиценци, а нема за лекови и учебници

Скопје, 11 септември 2023 

Не минува ден без нови скандали и афери во продукција на владата на ДУИ и СДС.

Почитувани,

Омилените фирми на владата, претходно фаворизирани од Драги Рашковски како генерален секретар на владата повторно добија тендер за софтверски лиценци во вредност од над 26 милиони долари!

На 1-ви септември потпишан е договор помеѓу владата, во чие име потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и фирмата „Аитоникс“ од Скопје, а веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила.

Овој договор е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари.

Не може да не се напомене дека овој договор од над вртоглави 26 милиони долари за софтверски лиценци, е последователен за истата фирма којашто во 2020-та година склучи договор со Драги Рашковски, токму пред неговото заминување од местото генерален секретар на владата, исто така на три години, со тогаш рекордни 15 милиони евра за софтверски лиценци  за администрација! Тендер којшто не мина без скандал односно, со повторена постапка и со избришани претходни поставени услови?

Исто како и претходно за да нема нови тендери, владата договорила само да плаќа фактури во следните три години, пракса која што се спроведува низ сите институции, со склучување т.н. Рамковни договори.

Почитувани,

Се поставува прашањето како е можно договор за лиценци којшто пред 3 години вредел 15 милиони евра, сега да тежи над 26 милиони долари?

Во кој дел владата во овие три години го напреднала работењето, услугите на администрацијата, за да сега за лиценци и компјутерски програми плаќа дури 26 милиони долари, односно дури 9 милиони евра повеќе?

И можеби најважното, како е дојдено фирмата потписник со Драги Рашковски во очи на избори, да склучува договор со владата на три години со рекордна цена од над 26 милиони долари?

Почитувани,

Нема за лекови, нема за  учебници, нема за пензии, нема за плати, ама на 1-ви септември владата има 26 милиони долари за лиценци за софтвери.

Стоилковски: Поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“ и нема ништо официјално од истрагата, истакна дека поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија.

„Иако Онкологија ја тресе јавноста и е прашање од јавен интерес, по цели 10 дена ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали со кои сепак нема да го сруши предметот. И по 10 дена истите доктори, истиот персонал работат делуваат на клиниката. Истите партии кои што поставуваат директори на таа клиника се уште се на власт и со тоа може да влијаат на истрагата. И со сето тоа го рушат кредибилитетот на клиниката, се руши кредибилитетот на докторите во целост, се руши довербата кај јавноста и кон здравството и кон институциите и кон државата. Заради ова ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија од оваа истрага“, нагласи Стоилковски.

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан