• четврток, 26 декември 2024

Стоилковски: Абази да одговори дали снаата работи во АЕК, а претходно кај Груби

Стоилковски: Абази да одговори дали снаата работи во АЕК, а претходно кај Груби

Скопје, 31 јули 2023

Ислам Абази треба да одговори: дали снаата од брат Шпреса Абази работи во АЕК, како советник за одговор на компјутерски инциденти, а претходно била во министерството на Артан Груби?

Сепак, Ислам Абази, до толку не смее да отвори уста за ДУИ, што Артан Груби одговара место него дури и за неговото семејство.

Груби во занес на неказнивост за криминал и корупција е во состојба да уверува дека има и двајца Ислам Абази - едниот актуелен јавен обвинител за организиран криминал, а другиот поранешен гостиварски обвинител, член на ДУИ, близок со семејството Ахмети, пријател на Невзат Бејта и неговиот зет Јеток Акику, директор на АЕК, каде работи снаата од брат на овој Ислам Абази, Шпреса Абази која била во министерството на Артан Груби.

Да не е трагично, ќе е смешно. Вака е и трагично и страшно, незнаењето на Артан Груби.

Факт е дека луѓе кога се враќаат на работно место во мирување,  за тоа не се распишува оглас.

Факт е и дека Шпреса Абази е на листата вработени кај Груби, полагала тестови, за потоа да се вработи во АЕК, на објавен оглас за работно место во АЕК, советник за одговор на компјутерски инциденти.

Јасни се низата злоупотреби на позициите, злоупотребата на министерство како агенција за вработување на миленички, снаи, деца, новинари на ДУИ!

Не очекуваме Ислам Абази да одговори, исто како што не одговара за ниедна корупција, ниту злоупотреба од ДУИ!

Очекуваме одговорност по смена на власта!

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан