• четврток, 26 декември 2024

Стоилковска елиминирана во второто коло на фјучрсот во Хрватска

Стоилковска елиминирана во второто коло на фјучрсот во Хрватска

Бол, 24 окотмври 2024 (МИА) - Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска е поразена во мечот од второто коло на ИТФ фјучрсот на Бол на Брач во Хрватска, што се играше за награден фонд од 15.000 долари. Таа загуби од тенисерка од Чешка Луси Урбанова со 2-0 во сетови (6-1, 7-6(5)) за 96 минути игра и успеа да спаси три меч топки, но следната противничката ја реалзираше.

Во меч со два различни сета првиот Стоилковска го загуби лесно и и дозволи на противничката да поведе со 1-0 во сетови. Урбанова на стартот од мечот ги освои првите пет гема за водство од 5:0 во гемови и брзо стигна и до водството со 6:1 во првиот сет.

Во вториот сет имаше многу повеќе резултатска неизвесност, иако тенисерката од Чешка поведе со 3:0. Притоа во првите два гема од вториот сет се играше до 12 поена. Стоилковска негативата успеа да ја анулира во 10.тиот гем кога изедначи на 5:5 и притоа ја спаси првата меч топка на противничката. Во 12.тиот гем Урбанова повторно дојде овојпат до две меч топки, но македонската тенисерка успеа да го добие гемот и да изедначи на 6:6 и со тоа да се избори за тај брејк.

Во „13.тиот гем“ ново водство за Урбанова од 3:0 во поени, Стоилковска повторно изедначи на 3:3, а потоа и на 5:5, но чешката тенисерка успеа да го добие тај брејкот со 7:5 на поени и со тоа сетот со 7:6 што значеше победа од 2-0 во сетови. дс

Фото: Тениска федерација на Северна Македонија

Остани поврзан