• сабота, 27 јули 2024

Стоилковска го мина првото коло на фјучрсот во Египет

Стоилковска го мина првото коло на фјучрсот во Египет

Шарм Ел Шеик, 30 ноември 2023 (МИА) - Со победа во првото коло македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го почна настапот на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет.

Таа вчера ја совлада Нина Рудикова од Русија со 2:1, по сетови 6:3, 5:7 и 7:6. Клуч за победата беше подобрата реализација на брејк топките: Стоилковска 8/13, а Рудикова 7/17. Притоа 15-те двојни сервис грешки на македонската тенисерка не беа решавачки за конечниот резултат. 

Мечот траеше 2 часа и 44 минути, а беа одиграни 222 поена (114:108 за Стоилковска).

Денес, во второто коло Стоилковска ќе игра против втората носителка Јасмин Езат од Египет.

Инаку, Стоилковска на овој турнир во вторникот настапи и во игра на двојки заедно со Вероника Евалд од Полска и загубија од вторите носителки Викторија Михајлова и Александра Поспелова со 2:0. зс/

Остани поврзан