• среда, 25 декември 2024

Стоилковиќ се сретна со претставници на МАТУСИТЕБ

Стоилковиќ се сретна со претставници на МАТУСИТЕБ

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Потпретседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ оствари работна средба со претставници на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ). 

Како што информираа од неговиот кабинет, на средбата на која присуствуваа Тахсин Ибрахим, претседател на МАТУСИТЕБ, Мехмед Ариф, потпретседател, и Мине Караберзат, извршен директор,  биле отворени повеќе прашања, а во фокус на разговорот биле прашањата и предизвиците со кои се соочува турскиот народ во нашата земја. 

-Претставниците на МАТУСИТЕБ ја изразија својата желба за унапредување и зајакнување на образованието на турски јазик, зголемување на застапеноста на припадниците на турскиот народ во државните институции, како и обезбедување основни јавни услуги за жителите во руралните средини каде што живее турскиот народ, се вели во соопштението. 

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ претставниците на МАТУСИТЕБ ги запознал со плановите на Министерството за односи меѓу заедниците, односно дека веќе е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници и воедно истакна дека неговата заложба е сите етнички заедници кои живеат во земјава да почнат да се чувствуваат како рамноправни граѓани со сите права и обврски кои произлегуваат од Уставот. 

-Согласно Буџетот за следната година предвидено е сите етнички заедници да добијат еднакви средства за одбележување на својот ден затоа што ми е важно да се нотира напредок во извештајот на ЕК во областа на почитување на правата на помалите заедници, посочил Стоилковиќ.

На крајот од средбата соговорниците се согласиле дека важна е меѓусебната соработка и дека важно е што се има добри појдовни позиции кои ќе значат придвижување од мртвата точка. сст/са/

фото Министерство за односи меѓу заедниците

 

 

 

Остани поврзан