• петок, 27 декември 2024

„Стоби“ за празникот 8 Септември го посетија голем број домашни и странски туристи

„Стоби“ за празникот 8 Септември го посетија голем број домашни и странски туристи

Велес, 8 септември 2023 (МИА) - По повод празникот 8 Септември, Нациналната установа „Стоби“ одлучи денеска влезот во археолошкиот локалитет „Стоби“ од 8 до 18 часот да биде бесплатен, за сите домашни и странски посетители.

„Стоби“ денеска го посетија голем број посетители од Скопје, Велес, Прилеп, Битола и други градови, како и гости од Словенија, Србија, Хрватска, од САД, Холандија, Чешка, Словачка, Германија и други земји, информираат за МИА од НУ „Стоби“.

Посетителите најмногу се интересираа за театарот, Епископската  базилика со крстилница, Епископската резиденција,Теодосијанската палата, за Градската чешма и Големата Бања и останатите објекти во Стоби. Неговата историја на посетителите им ја раскажуваат и ги водат туристичките водичи на „Стоби“ кои и денеска работеа во „Стоби“.

Освен денеска „Стоби“ цело лето е посетен од туристи од САД, Австралија, Јапонија и сите европски земји, како и од земјите на поранешна Југославија, а најмногу од Србија. 

Од НУ „Стоби“ информираат дека локалитетот е континуирано посетен во текот на целата  година, а во мај и септември е организирано посетен и од учениците кои одат на екскурзија. ад/ дма/

 

Фото:МИА

Остани поврзан