Стипендии за студии во Романија за академската 2025/2026 година
- Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија почна програма за стипендирање странски државјани за академската 2025/2026 година.

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија почна програма за стипендирање странски државјани за академската 2025/2026 година.
-Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација, се наведува во објавата на МОН.
Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати може да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251
Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 12 март 2025, на веб-страницата: https://scholarships.studyinromania.gov.ro/ хс/са/
Фото: МИА архива