Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.
Битола, 26 ноември 2024 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.
Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.
-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.
Рок за аплицирање завршува на 18 декември. мт/дма/
Фото: МИА