• петок, 27 декември 2024

Стипендии за првачиња деца со попреченост од Општина Карпош

Стипендии за првачиња деца со попреченост од Општина Карпош
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Сите родители на ученици со попреченост во општина Карпош, чии деца ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година ќе можат да аплицираат за месечна стипендија од 50 ЕУР во денарска противвредност, соопштија денеска од Општина Карпош. Основната цел, се наведува во соопштението, е да се пружи поддршка на семејствата со деца со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување. - Станува збор за јавен повик на фондацијата „Чекор по чекор“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а во соработка со здруженијата „Инклузива“ и „Хандимак“. Исто така, овој повик е резултат на соработка и со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан и од Европската унија, стои во соопштението. Можност за пријавување имаат децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми: да се деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишуваат во прво одделение, да поседуваат документација за вид и степен на попреченост (наод и мислење и/или наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје), да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19, да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија и на родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право. Потребни документи кои треба да се приложат: Пријава за стипендија од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Пријавата може да се симне на линкот: https://bit.ly/33nbiW9; цр/ир            

Остани поврзан