• среда, 25 декември 2024

Стив Мекларен нов селектор на Јамајка

Стив Мекларен нов селектор на Јамајка


Кингстон, 1 август 2024 (МИА) – Јамајка го ангажираше англискиот стратег Стив Мекларен за нов селектор на својата машка фудбалска репрезентација со двегодишен договор.
„Без двоумење ја прифатив позиција која е совршена за мене во оваа фаза од кариерата“, изјави 63-годишниот поранешен селектор на Англија.
Мекларен на селекторската клупа на Јамајка доаѓа на местото на Хајмир Халгримсон, кој замина од должноста во јули по разочарувачкиот настап на Копа Америка. Исландскиот селектор во меѓувреме ја презеде селекцијата на Република Ирска.
„Уверени сме дека ја донесовме вистинската одлука и со нетрпение очекуваме Мекларен да ја води нашата нација на Светското првенство во фудбал во 2026 година“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Јамајка, Мајкл Рикетс. ег

Остани поврзан