• петок, 20 март 2026

Стивал се врати на клупата на Сантос

Стивал се врати на клупата на Сантос


Рио де Женеиро, 19 март 2026 (МИА) – Бразилскиот стратег Алекси „Кука“ Стивал (62) е назначен денеска за нов тренер на Сантос, објави клубот во чиј редови настапува бразилската ѕвезда Нејмар.
Кука го презеде Сантос по отпуштањето на Аргентинецот Хуан Пабло Војвода, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.
Ова е четврто враќање на Кука на клупата на Сантос, а во текот на кариерата ги предводеше и Атлетико Минеиро, Коринтијанс, Фламенго, Атлетико Параненсе и Палмеирас.
Нејмар одигра три натпревари во дресот на Сантос во новата сезона и постигна три голови, а бразилскиот селектор Карло Анчелоти го изостави за пријателските натпревари во Орландо против Хрватска и Франција.
Сантос досега оваа сезона освои само шест бодови на седум натпревари и се наоѓа на 16 место во бразилската лига, далеку заостанувајќи зад водечките Палмеирас и Сао Паоло со по 16 бодови. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан