• сабота, 23 ноември 2024

Стејт департмент: Не најдовме докази за израелски воени злосторства во Газа

Стејт департмент: Не најдовме докази за израелски воени злосторства во Газа

Вашингтон, 10 ноември 2023 (МИА) - Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти дека досега не нашол докази за израелски воени злосторства во Газа.

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, изјави дека во моментов нема докази за тврдењата на претставниците на Обединетите нации дека Израел извршил воени злосторства во војната против Хамас во Појасот Газа, јави „Тајмс оф Израел“.

-Тоа се нормални, интерни, насочени процеси (за утврдување на фактите), но постои ригорозен процес и ние не дојдовме до тој заклучок во конкретниот случај, рече Пател. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан