• сабота, 23 ноември 2024

Стејт департмент: Можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е исклучително загрижувачка

Стејт департмент: Можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е исклучително загрижувачка

Вашингтон, 20 јуни 2024 (МИА) - Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е „исклучително загрижувачка“.

„Тоа, се разбира, би го дестабилизирало Корејскиот полуостров и потенцијално... ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН што самата Русија ги поддржа“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да доставува оружје за други земји како одговор на испораката на оружје за Украина, пренесе РИА Новости. На прес-конференција во Виетнам, Путин исто така рече дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.

Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“.

Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан