Стејт департмент ги оцени како конструктивни консултациите помеѓу САД и Русија
- На денешните консултации помеѓу САД и Русија во Истанбул двете делегации направија напори да формализираат и договор за пристап до банкарски услуги за дипломатите на двете земји, се наведува во соопштението на Стејт департментот

Вашингтон, 10 април 2025 (МИА) – На денешните консултации помеѓу САД и Русија во Истанбул двете делегации направија напори да формализираат и договор за пристап до банкарски услуги за дипломатите на двете земји, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Исто така, денешните консултации се оценуваат како конструктивни.
Во соопштението се посочува дека САД изразија загриженост поради правилата на Русија, според кои им е забрането на локалниот персонал да работи во Американската амбасада во Москва.
Делегациите на денешните консултации се договориле набрзо да одржат уште една средба.
Денешните консултации посветени на нормализирање на работата на дипломатските претставништва траеја шест часа.
Руската делегација беше предводена од рускиот амбасадор во САД Александар Дарчиев, а американската делегација од заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Соната Култер.
Првата рунда консултации меѓу Русија и САД во Истанбул се одржа на 27 февруари. Тогаш разговорот зад затворени врати траеше повеќе од шест часа. ми/
фото: МИА архива