• среда, 27 ноември 2024

Стејт департментот ја одобри продажбата на борбени авиони на Грција и Турција

Стејт департментот ја одобри продажбата на борбени авиони на Грција и Турција

Вашингтон, 27 јануари 2024 (МИА) - Американската влада даде зелено светло за продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција и Ф-35 на Грција, откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО претходно оваа недела, пренесуваат странските агенции.

Како што налага американскиот закон, Стејт департментот официјално го извести Конгресот дека ги одобрува двата договора.

Законодавниот дом, кој има рок да ги разгледа и доколку се сомнева, да ги блокира, најверојатно ќе ги одобри. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан