• сабота, 23 ноември 2024

Стејт департментот понуди високи парични награди за шестмина руски хакери обвинети за кибер-нападите од 2017 година

Стејт департментот понуди високи парични награди за шестмина руски хакери обвинети за кибер-нападите од 2017 година
Вашингтон, 27 април 2022 (МИА) – Американскиот Стејт департмент соопшти дека шестмина разузнавачи од Одделението за кибернетика на руската Централна разузнавачка агенција (ГРУ) биле вклучени во глобалниот кибер-напад со малициозен софтвер во 2017 година кога биле инфицирани компјутерските системи на неколку приватни американски институции, вклучувајќи го и националниот здравствен систем. „NotPetya“ кибер-нападот од 2017 година оштетил делови на инфраструктурата и компјутерите во Украина, во Франција, Германија, Италија и САД, предизвикувајќи штета проценета на неколку милијарди долари. Русија негира каква било вмешаност во инцидентот. Според соопштението од Стејт департментот, американската федерална Голема порота во 2020 година обвини шестмина офицери на единицата „Песочни црви“ покрај останатото и за „заговор за извршување компјутерска измама и злоупотреба“. Притоа од Вашингтон се нуди награда во висина до десет милиони американски долари за информации што би довеле до идентификација или лоцирање на секое од обвинетите лица, за кои Департментот вели дека „под раководство или контрола на странска влада спроведувале кибер-активности насочени против американската софтвер-инфраструктура“. аб/паг/

Остани поврзан