• недела, 24 ноември 2024

Стејт департментот го одобри барањето на Хрватска за купување осум воени хеликоптери

Стејт департментот го одобри барањето на Хрватска за купување осум воени хеликоптери

Загреб, 27 јануари 2024 (МИА) - Американскиот Стејт департмент го одобри барањето на Хрватска за купување осум воени хеликоптери УХ-60М Блек Хок и ја проследи одлуката на американскиот Конгрес на усвојување.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, зделката е вредна 500 милиони долари и со овој чекор Загреб ја покажува својата желба целосно да ја „американизира“ својата хеликоптерска флота.

Американската агенција за одбранбена и безбедносна соработка наведува дека барањето на Хрватска, покрај хеликоптери, вклучува и широк список на оружје и дополнителна опрема, како и обука на летачки и технички персонал.

Хрватска во моментов има четири хеликоптери УХ-60M за воздушен транспорт, осум хеликоптери Бел 206 Џет Ренџер за обука и 15 борбени извидувачки хеликоптери OХ-58Д Кајова Вориор за борбено извидување и противоклопна борба. паг/

Фото: МИА архива
 

 

 

Остани поврзан