• сабота, 23 ноември 2024

Стефковски: Создаваме нова иднина, две индустриски зони за Гази Баба и поддршка за малите бизниси

Стефковски: Создаваме нова иднина, две индустриски зони за Гази Баба и поддршка за малите бизниси
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски на вечерашниот митинг во Автокоманда порача дека во следните четири години прецизно ќе делуваат во сите области, а фокусот ќе биде насочен кон економијата на локално нив. - Ќе се насочиме кон значителна модернизација на локалната инфраструктура. Ќе го подобриме образованието и ќе ги унапредиме условите за спорт и рекреација. Екологијата е исто така врвен приоритет, а секако програмата предвидува и проекти за унапредување на здравствената и социјалната заштита, како и за развој на културата и туризмот, истакна Стефковски. Тој најави и вложување во индустриската зона „Северна обиколница“, а паралелно ќе ја ревитализираат и инфраструктурата во Источната индустриска зона, во „Железарница“ и во „МЗТ“. Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ најави и финансиска поддршка на малите бизниси и стартап фирмите и занаетчиите, како и семејните земјоделски стопанства за кои ќе се изгради и посебен откупен центар за земјоделски производи. Стефковски најави, нови патишта, еден булевар, велосипедски патеки, пешачки мостови, кружен тек и катни гаражи. Во однос на образованието тој најави нов објект за основното училиште „Крсте Мисирков“, а најави и четири нови градинки и четири нови спортски сали. За секое новозапишано првоодделенче, тој најави еднократна поддршка од 3000 денари и воведување бесплатни ученички униформи. Предвидено е и проширување на гасификациската мрежа на која би се приклучиле многу компании, институции од јавниот сектор и дел од објектите за приватно домување. - Значително ќе се прошири и дистрибутивната топлификациска мрежа во Автокоманда, Триангла и Хиподром, Ченто, Сингелиќ, Стајковци и дел од Керамидница. Граѓаните ќе плаќаат помали сметки за греење, а општината ќе биде подобро заштитена од емисија на штетни гасови, додаде тој. ки/дма/

Остани поврзан