• недела, 28 јули 2024

Стефковски: Повеќе од 3000 луѓе на Априлијадата во Автокоманда  

Стефковски: Повеќе од 3000 луѓе на Априлијадата во Автокоманда   

Скопје, 1 април 2023 (МИА)Повеќе од 3 000 луѓе го исполнија плоштадот во Автокоманда на Априлијадата 2023 година, информираат од Општина Гази Баба.

За настанот, градоначалникот Бобан Стефковски, на својот фејсбук профил објави неколку фотографии за кои наведе дека претставуваат „слика каква што Гази Баба не памети“.

- Повеќе од 3000 луѓе го исполнија плоштадот во Автокоманда на Априлијадата 2023 година. Одлична забава ни приреди маскотата Биби, но, за жал, временските услови не ни дозволија до крај да ја реализираме програмата, напиша Стефковски.

Дополнувајќи дека на сите дечиња им ветува нова детска забава за многу скоро од денес. ар/мч/

Фото: Фејсбук профил на Бобан Стефковски

 

 

 

Остани поврзан