• среда, 18 декември 2024

Стефковски и Трајановски: Важна е соработката на централната и локалната власт

Стефковски и Трајановски: Важна е соработката на централната и локалната власт

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски денеска го посетија регионалниот пат Р-1102 кој транзитира низ населени места во општината.

Како што информираат од Општина Гази Баба, за време на посетата Стефковски и Трајановски направиле увид на акцијата за расчистување на вегетацијата покрај патот, кастрење на дрвата и косење на високата трева.

-Оваа акција е значителна за сите учесници во сообраќајот, бидејќи со неа возачите ќе имаат непречена видливост кон вертикалната и хоризонталната сигнализација која го регулира сообраќајот на регионалниот пат. Со задоволство можам да констатирам значителен напредок помеѓу соработката на единиците на локалната самоуправа и институциите на централната власт, нешто што во минатото не беше случај. Доказ за тоа е денешната акција која се реализира на барање на општина Гази Баба по кое Јавното претпријатие за државни патишта веднаш постапи за што му благодарам на директорот Трајановски, истакнал Стефковски.

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски нагласил дека е важна соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа.

-Безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Како институција изминатиот период реализираме акции за расчистување на вегетацијата на поголем дел од патиштата низ државата кои се под наша надлежност. Оддржувањето на патиштата е подеднакво важно колку и инвестирањето во изградба на нови патишта. Важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа со цел создавање на услови за граѓаните безбедно и непречно ги реализираат своите секојдневни обврски. Институциите се тука за да им служат на граѓаните, истакнал Трајановски.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови. Неа ја спроведува ЈП Македонија пат по налог на Јавното претпријатие за државни патишта, а денеска се приклучија и екипи на ЈКП Гази Баба. сст/мд/

фото Општина Гази Баба

 



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан