• недела, 28 јули 2024

Стефковски: Започнаа со изградба седум нови спортски игралишта

Стефковски: Започнаа со изградба седум нови спортски игралишта
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Денеска започнаа градежните активности за изградба на седум нови игралишта на територија на општина Гази Баба, информираа од општината. - Пет игралишта ќе се изградат со современа тартан подлога, а две со подлога на вештачка трева, објави градоначалникот Бобан Стефковски на својот официјален фејсбук профил. Пет од игралиштата се со најсовремена тартан подлога и ќе се изградат во Колонија, Кирил Петрушевски, Гоце Делчев, Триангла и Керамидница. Две игралишта се со подлога од вештачка трева и ќе се изградат во Стајковци и Страчинци. Реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба. Новото време носи и нови проекти!, напиша Стефковски. цр/аа/

Остани поврзан