• недела, 24 ноември 2024

Стефковски ги додели решенијата за субвенции за електрични тротинети

Стефковски ги додели решенијата за субвенции за електрични тротинети
Скопје, 24 август 2022(МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска додели решенија за субвенции на електричен тротинет. -Денеска во просториите на општина Гази Баба ги поделив решенијата за субвенционирање на граѓаните кои набавиле електричен тротинет. Оваа мерка се спроведува првпат во општина Гази Баба и истата беше мое ветување кое го дадов пред граѓаните за време на изборната кампања и денес е реалност, напиша Стефковски на „Фејсбук“. Тој посочи дека изминатиот период општината ги спровела и мерките за субвенции на граѓаните за велосипеди, чистење оџаци и вградување уреди за течен нафтен гас во возилата. Мерки, кои како што вели, исто така, првпат се реализираат во општина Гази Баба. -Кога се работи чесно и домаќински во буџетот на општината има пари за се. Жителите на Гази Баба го живеат новото време во кое се градат нови паркови, детски и спортски игралишта, канализациски и водоводни системи, се асфалтираат локални улици, се реконструираат училишни спортски сали. Заврши времето кога ветувањата кои се даваа за време на изборите се забораваа, напиша Стефковски.ир/лв/

Остани поврзан