• среда, 25 декември 2024

Стефан Андоновски - министер за информатичко општество и дигитална трансформација

Стефан Андоновски - министер за информатичко општество и дигитална трансформација

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) -  Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски е роден на 17 април 1991 година во Скопје.

Андоновски дипломирал на Правниот факутет „Јустинијана Прва“ - Скопје, каде е докторанд, а  завршил магистерски студии  по меѓународни односи и меѓународна економија на Универзитетот Џонс Хопкинс, Школа за напредни меѓународни науки (САИС). 

Андоновски ја вршеше функцијата дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација од јануари до мај годинава, а од декември лани е демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од декември 2023 година.

Бил член на Советот на Град Скопје од октомври 2021 до јануари 2024, а во меѓувреме раководител на Партиски истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ. Работел и како проектен менаџер на маркетинг агенција Block&Roll, специјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia Support Initiative 2, имплементирана од Chemonics International, советник за односи со странство во ЗЕГИН Доо, Скопје. 

Има објавено повеќе публикации и учествувал во меѓународни проекти. 

Од странски јазици навел дека одлично знае англиски и италијански и добро германски јазик. лв/дма/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан