• четврток, 19 декември 2024

Стефаноска: Да се етаблираме како туристички бренд-идентиет, културниот, транзитниот, руралниот и етнотуризмот меѓу приоритетите

Стефаноска: Да се етаблираме како туристички бренд-идентиет, културниот, транзитниот, руралниот и етнотуризмот меѓу приоритетите

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Земјава треба да се етаблира како бренд-идентитет дестинација. Во тоа ќе мора да инвестира, но ќе мора и посветено да работи зашто е од круцијално значење и основа за туристичка промоција. Брендирањето е процес на идентификување, изработка и негување на уникатниот идентитет на туристичките региони и дестинации кои ќе ја разликуваат од нејзините конкуренти. Во таа насока, ќе се унапредува културниот, транзитниот и руралниот туризам, етнотуризмот, планинскиот туризам и другите алтернативни форми на туризам со цел создавање услови за порамномерен и одржлив развој на дестинациите, вели за МИА директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска.

По повод  27ми септември, Светски ден на туризмот, Стефаноска истакнува дека последните години туризмот во нашата земја бележи позитивен тренд со раст на туристичкиот промет, но растот, според неа, не значи и развој.

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период лани, бројот на домашните и странските туристи е зголемен за 8,7 отсто, при што кај странските има зголемување за 13,7 проценти. Бројот, пак, на ноќевања е зголемен за 6,1 отсто, кај домашните туристи за 2,7, а кај странските за 9,7 проценти.

Во јануари годинава во земјава имало 55.266 туристи кои оствариле 109.733 ноќевања, што протставува зголемување за 12,7 отсто на бројот на туристи во споредба со ланскиот јануари, додека број

-Во иднина, една од нашите примарни задачи е да ја унапредуваме дестинацијата преку маркетинг на дестинацијата од една страна, односно преку делотворни маркетинг политики да го зголемуваме туристичкиот промет генериран од земјите во регионот, понатаму да го зголемиме туристичкиот промет од другите традиционални пазари како Холандија, Полска, Турција, Шпанија,..., но и да отвориме нови пазари. Понудата и промоцијата мора да се следат во чекор и да одат рака за рака, од друга страна како паралелен процес и секако дел од нашите примарни задачи претставува и проширувањето и развој на понудата, нагласува директорката.

Мотото на годинашниот Меѓународен ден на туризмот е „Одржливи патувања, безвременски спомени“.

- Светскиот ден на туризмот е воспоствен со цел подигање на свеста и важноста на туризмот и неговите општествени, културни, политички и економски вредности. Во таа насока и иднината на македонскиот туризам е развојот на културниот туризам, транзитниот туризам, еко-туризмот и промоција на одржливото и одговорното патување, како и заштита на животната средина и културното наследство. Како што овие форми на туризам добиваат на важност низ целиот свет, посветеноста на нашата земја во нивен развојот на како и зачувување на нашите културни и природни богатства ќе ја позиционира Македонија како барана дестинација за одговорно патување. Важен аспект во развојот на културниот, транзитниот и еко-туризмот во Македонија е едукација и јакнење и подигање на свеста на сите чинители во рамките на дестинациите за важноста и придобивките од одржливите културни и зелени дестинации. Исто така неопходна и едукацијата на туристите за значењето на одговорно патување. Со тоа патниците се охрабруваат да ги почитуваат културните обележја, да ја почитуваат и чуваат животната средина и животот на локалната заедница. Секако дека поради сето тоа еко туризмот претставува поодговорна и посовесна форма на туризам бидејќи една од нејзините цели е и одржување на рамнотежа помеѓу масовноста во туризмот и одржување на чистата животна средина, истакнува Стефаноска.

Во однос на проширувањето на пазарите, најавува дека на инцијатива на Агенцијата, во рамки на Меморандумот за соработка потпишан со Алијансата на независни туристички агенции од Германија, ќе се реализира информативно патување низ земјава и бизнис средби во Скопје и Охрид. 

Со оглед дека од неодамна е директор на Агенцијата, Стефаноска вели дека ја преземала функцијата со желба, волја и силна мотивираност за работа.

-Имаме предизвици и планираните активности зависат од буџетските средства, но во периодот што следува со ресурсите што ги имаме ќе го извлечеме максимумот за туристички раст и развој. Целта е создавање конкурентна туристичка дестинација, која располага со атрактивни и уникатни ресурси кои треба да се стават во активна функција на туризмот. Ќе се залагам за изработка на национална стратегија за туризам во која треба да се дефинира идната визија за туризмот, стратешки цели, стратегија за маркетинг и брендирање, типови на туризам и зони со најголем потенцијал за развој на туризмот во Македонија. Ваквата стратегија треба да ги утврди и целите и да ги проектира насоките и активностите кои треба да се превземат со цел дефинирање на следните чекори кон каде треба да се движиме и што треба да создаваме. Колку побрзо ќе ја направиме и истата ќе биде во консолидација со целиот туристички сектор, толку подобро ќе имаме по што да постапуваме во годините што следат. Препознатлива и одржлива дестинација со јасна туристичка цел е добра појдовна точка за определување на визијата на која ќе се фокусираат активностите на Агенцијата за туризам. Создавање на конкурентна туристичка понуда надополнета со иновативни и креативни маркетинг активности ќе придонесе за квалитативен раст на туризмот, напоменува директорката.

Дополнува и дека тимот на Агенцијата за туризам ја продолжува соработка со македонскиот туристички сектор, Стопанската комора и швајцарските програми ИМЕ И СИППО.  

Светскиот ден на туризмот се фокусира на важноста на одговорното и внимателно и исполнето патување. Оваа тема, како што вели  Стефаноска, ги охрабрува посетителите да направат избор што позитивно влијае на животната средина, што ги поддржува локалните заедници и го зачувува културното наследство. мч/бак/

Фото: АППТ и МИА архива

 

Остани поврзан