• сабота, 21 декември 2024

Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира

Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира
Белград, 10 јули 2020 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека вечерва пред Парламентот се случуваат брутални сцени на насилство и дека полицијата морала да реагира, со цел да го заштити јавниот ред и мир и имотот. - Имаме насилство и кршење прозорци на Парламентот и инвентарот, камери на зградата, напад врз влезот и обид да се повредат полицајците врз кои се фрлаат камења, истакна Стефановиќ за ТВ Прва. Тој нагласи дека апелите не се прифатени, додавајќи дека еден дел од демонстрантите насилно се обиделе да влезат во Собранието. Стефановиќ предупреди дека секој кој користи насилство ќе добие одговор од државата. Според него, овие сцени се за осуда и полицијата трпи големо насилство, но реагира правовремено и исправно. гт/

Остани поврзан