• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стефанишина: Украина очекува промени во договорот за минерали, предложен од САД

Стефанишина: Украина очекува промени во договорот за минерали, предложен од САД

Брисел,10 април 2025 (МИА) - Договорот за украинските минерали беше предложен од САД, преговорите продолжуваат утре во Вашингтон, изјави денеска на прес-конференција во Брисел украинската вицепремиерка Олга Стефанишина одговарајќи на прашања.

Таа додаде дека текстот треба да се смени за да не влијае на претходно преземените обврски на Киев.

Според неа, оваа состојба на Киев не подлежи на преговори.

Стефанишина истакна дека разговорите со САД во моментов се на техничко ниво.

Украинскиот премиер Денис Шмигал на синоќешната прес-конференција посочи дека неговата земја се стреми кон заемно корисен договор, со еднакви услови за двете страни.

Тој истакна дека содржината на овој договор е ограничена со украинскиот устав и обврските на Киев кон ЕУ.

Договорот првично беше планирано да биде потпишан за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан