• вторник, 24 декември 2024

Стерјовски се сретна со претседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакал

Стерјовски се сретна со претседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакал

Дебар, 9 март 2024 (МИА) - Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски, кој ја предводи партиската делегација, денеска во Брисел,  се сретнал со претседателката на Европската слободна алијанса (ЕФА) Лорена Лопез де Лакал.

- Во Брисел имавме одличен пречек од почитуваната Лорена Лопез де Лакал, претседателка на Европската слободна алијанса (ЕФА). Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) гордо припаѓа во ЕФА, споделувајќи ги вредностите на културна различност и човековите и малцинските права, објави Стерјовски на Фејсбук.

Непосредно, додава,  ја запознал со моменталната состојба на македонското малцинство во Албанија. 

-Посебен акцент ставив на неодамнешниот попис во Албанија, спроведен во октомври 2023 година и мешањето на Бугарија за време на пописот и напорите на бугарските претставници за асимилација на Македонците, напиша во објавата.

МАЕИ едногласно беше примена за полноправна членка на завчерашното Генерално собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел.

Вчера Стерјовски имаше средба со европратеникот Франсоа Алфонси а претходно и со европратеничката Ана Миранда. вт/дма/


Фото: Васил Стерјовски ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан