• вторник, 24 декември 2024

Стерјовски на средба со претставниците на Македонците во Србија

Стерјовски на средба со претставниците на Македонците во Србија

Дебар, 8 јуни 2024 (МИА) - Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, престојува во Србија, каде остварил средби со претставници на Македонците во оваа земја.

- Имав чест да ги посетам Панчево и Јабука, каде што се сретнав со претставниците на Националниот совет на Македонците во Република Србија и со Демократската партија на Македонците. На овие средби имав можност да се запознам со положбата и правата на нашите Македонци во Србија и со предизвиците со кои се соочуваат, информираше Стерјовски.

Во објава на Фејсбук тој напиша дека разговарале за "можностите за соработка меѓу Македонците во Албанија и нашите браќа и сестри во Србија". 

Во име на Македонците од Албанија, положил свежо цвеќе  на бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето "Гоце Делчев" во Јабука.

-Од срце им благодарам на Македонците во Србија за топлиот пречек и гостопримство. Заедно сме посилни, напиша Стерјовски. вт/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан