• среда, 25 декември 2024

Стерлинг за заминување од Сити: На 17 години бев стартер, сакам во мојот врв на кариера да играм редовно

Стерлинг за заминување од Сити: На 17 години бев стартер, сакам во мојот врв на кариера да играм редовно
Лондон, 12 август 2022 (МИА) - Крилниот напаѓач Рахим Стерлинг објасни зошто решил да се пресели во Челзи од Манчестер сити. - Не можам да губам време. Требаше да го задржам своето ниво и да добијам нов предизвик. Од 17-годишна возраст бев стартен играч. Не можам на врвот на кариерата да не играм редовно. Не можев да дозволам тоа да се случи. Имам таков карактер што се обидов да се борам да ја сменам ситуацијата, но тоа не се случи. Преселбата во Челзи беше во согласност со моите лични цели и желбите на моето семејство. Ми се допаѓа правецот во кој се движи клубот. Челзи се бори за трофеи, овој тим само ќе биде подобар. Се чувствувам како да сум се вратил дома во Лондон. Одамна заминав од тука - тогаш имав 14 или 15 години изјави Стерлинг. Во убави спомени ќе му останат годините поминати во Манчестер сити. - Секако, беше тешко да си заминам, со оглед на тоа колку години поминав во Манчестер Сити. Со овој клуб се поврзуваат многу спомени, таму доживеав многу пријатни моменти. Научив многу за себе, додаде Стерлинг. Дваесет и седумгодишнито Стерлинг со Челзи потпиша петгодишен договор за околу 50 милиони фунти. зс/

Остани поврзан