• четврток, 26 декември 2024

Стенли Тучи поласкан од статусот на секс-симбол

Стенли Тучи поласкан од статусот на секс-симбол

Лос Анџелес, 19 септември 2022 (МИА) - Водителот на популарната патувачко-готварска емисија „Барајќи ја Италија“ (Searching for Italy), Стенли Тучи (61) вели дека иако е воодушевен од „бујната љубов“ и поддршката што ја добива од обожавателите, тој е „по малку мистифициран“ поради тоа.

- Мојата сопруга мисли дека тоа е смешно и јас сум неверојатно поласкан, изјави Тучи за „Гардијан“. - Не го разбирам тоа, но мило ми е. Кому не би му било драго!? Еј, колку само долго време ви требаше!?, се пошегува тој. Тучи е в брак со литературната агентка Фелисити Блант, која е сестра на неговата колешка-глумца од филмот „Ѓаволот носи Прада“ - Емили Блант. [caption id="attachment_1773851" align="aligncenter" width="800"] Стенли Тучи и Фелисити Блант[/caption] Најдобро од сè, се чини, е тоа што зголемувањето на неговата популарност дојде со тоа што точно покажа кој е тој зад сцената. - Тоа целосно ми го промени животот. Сè што требаше да направам е - да бидам свој, продолжи Тучи. https://www.youtube.com/watch?v=e7B4jnX_Hvk Во 2017 година, нему му беше дијагностициран рак на јазикот. Иако деновиве е излечен, тој вели дека никогаш не би можел да мине низ таа борба без „неуморното внимание, наклонетост и охрабрување“ од неговата сопруга. Двојката има две деца - Емилија и Матео, покрај трите постари деца на Тучи - Изабел, Николо и Камила од неговиот брак со првата сопруга Кејт Спат-Тучи, која почина од рак на дојка во 2009 година. Глумецот во една прилика изјави дека тагата се менува со времето. - Но, никогаш не престануваш да тагуваш... И, сè уште е тешко. И по 11 години, сè уште е тешко, и секогаш ќе биде тешко. Но, не можете да дозволите - и, некако, таа никогаш не би го сакала тоа, некој од нас да потоне во таа тага и да дозволиме да трае и да виси над нашите животи. Таа никогаш не би го сакала тоа. Таа не беше таква!, нагласи Тучи. Тој, инаку, годинава е актуелен со ТВ-сериите „Моли“, „Централ парк“, „Инсајдер“, како и филмот „I Wanna Dance with Somebody“ (Сакам да танцувам со некого), којшто е биографија за легендарната поп-дива Витни Хјустон.  си/ https://www.youtube.com/watch?v=9tfemzaMkoU

Остани поврзан