• среда, 25 декември 2024

Стевановиќ: Пациентот позитивен на конго кримската хеморагична треска е хоспитализиран и во добра општа состојба

Стевановиќ: Пациентот позитивен на конго кримската хеморагична треска е хоспитализиран и во добра општа состојба

Скопје, 14 август 2023 (МИА) - Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави денеска директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во врска со четириесет и двегодишен велешанец, кој е трет случај на конго кримската хеморагична треска.

Таа информираше дека во саботата вечер е донесен суспектен пациент со конго кримска треска од велешката Болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена.

-Лабораториски анализите беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но со соодветна супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка, рече Стевановиќ.

Во однос на вработената од Инфективната клиника која беше инфицирана во текот на својата работа, Стевановиќ посочи дека таа е стабилна и добра, опоравувањето е во тек и не очекуваат компликации. бт/бд/

Фото/МИА

 

Остани поврзан