• среда, 25 декември 2024

Старџен: Невина сум, никогаш не би сторила нешто да и наштетам на земјата

Старџен: Невина сум, никогаш не би сторила нешто да и наштетам на земјата

Глазгов, 11 јуни 2023 (МИА) - Поранешната премиерка на Шкотска, Никола Старџен, вечерва објави дека била шокирана и под голем стрес кога во теркот на денот била уапсена и потоа ослободена, додавајќи дека е невина за истрагата за финансиски малверзации на Шкотската народна партија (СНП). 

„Знам дека оваа истрага е тешка за луѓето и благодарен сум што толку многу продолжија да покажуваат верба во мене. Го ценам тоа, никогаш не би направила нешто за да и наштетам на СНП или на државата. Очигледно, земајќи го во предвид целиот овој процес, не можам да навлегувам во детали. Меѓутоа, сакам да го кажам ова – јас сум невина, ништо не сум сокрила“, изјави Старџен на Твитер.

Таа додаде дека невиноста не е презумпција и дека е должна да го почитува законот.

„Без никаков сомнеж знам дека сум невина, ништо незаконски не сум направила. Многу луѓе ми испратија пораки со поддршка во изминатите недели, вклучително и денеска. Благодарна сум за нивната добрина. Благодарам на моето најблиско семејство и пријатели кои ми ја даваат потребната поддршка во овој момент. Ќе ми требаат ден или два да ги обработам најновите случувања“, додаде таа.

Старџен додаде дека планира да се врати во парламентот каде што ќе продолжи да ги претставува своите гласачи од јужен Глазгов „најдобро што може“.

Таа беше ослободена од притвор без обвинение, во очекување на натамошната истрага, откако беше уапсена претходно денеска. сд/

фото: архива

Остани поврзан