• среда, 25 декември 2024

Стартува 33 прволигашка сезона во македонскиот фудбал

Стартува 33 прволигашка сезона во македонскиот фудбал

 

Скопје, 11 август 2024 (МИА) – Со натпреварите од воведното коло попладнево ќе биде означен почетокот на 33. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Бранителот на титулата Струга Трим Љум на домашен терен го пречекува освојувачот на националнио Куп, Тиквеш, додека најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера.

Преостанатите двојки од воведното коло се Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи – Воска Спорт и Работнички – Силекс.

Сите натпревари од воведното коло на програмата се од 17 часот, со исклучок на дуелот во Струмица кој е закажан со почеток во 20 часот. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан