• четврток, 19 декември 2024

Стартува 29. македонски одбојкарски шампионат

Стартува 29. македонски одбојкарски шампионат
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Единаесет екипи во машка и осум во женска конкуренција денеска ќе го почнат натпреварувањето во 29. македонски одбојкарски шампионат, во кој титулите ги бранат Струмица 47 & 72 и Јанта волеј Кисела вода. Во премиерната рунда кај мажите, актуелниот вицепрвак, Универзитет во Тетово, ќе го пречека составот на Штип УГД, а саботната двојна програма на тетовските домаќини ќе почне со дуелот меѓу Шкендија и Дибраволеј. Вардар, кој лани беше полуфиналист, новиот прволигашки пат ќе го почне против Лирија на свој терен, дебитантот во Првата лига, Македонија Џио, ќе гостува кај Јанта волеј, а најнеизвесен се очекува да биде дуелот меѓу ГОК Борец и Весна Пробиштип в понеделник од 20 часот. На отворањето на сезоната слободен е актуелниот првак Струмица, кој отсега ќе настапува под името Струмица 47 & 72. Во есенскиот дел кај одбојкарите екипите ќе играат меѓу себе по еднаш, а првите шест ќе продолжат во Втората фаза-1 во која ќе има двокружен систем за одредување на полуфиналистите. Во женска конкуренција, дербито е меѓу ланските полуфиналисти Струмица жени и Работнички Скопје. Актуелните шампионки Јанта волеј Кисела вода ќе се соочат со Фит фан волеј, финалистот Вардар жени ќе сервира против Пелистер волеј пред своја публика, а Универзитет во Тетово ќе ги одмери силите со Наковски волеј. Според правилата за натпреварување, првиот дел ќе го минат најдобрите четири, што значи дека битката за полуфинале ќе биде решена уште по есенските 14 кола. Во Втората фаза-1 и во Втората фаза-2 ќе има по шест средби. ег/ар/

Остани поврзан