• четврток, 26 декември 2024

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Со два натпревари вечерва официјално стартува новата македонска прволигашка сезона во футсал, во која титулата ја брани екипата на КМФ Проект. Актуелниот шампион на стартот од новата прволигашка сезона в недела го очекува дерби натпреварот против најтрофејниот македонски футсал клуб Железарец, а правдата на натпреварот ќе ја дели интернационалниот футсал судија Марјан Младеновски, заедно со Никола Костенчев. Двојки и термини за натпреварите од првото првенствено коло: Петок 19:00 час. – Тетово: КМФ Шкендија – КМФ Арбен Бајрами Петок 20:15 час. – Кавадарци: КМФ Црна Река – КМФ Енхалон Сабота 15:00 час. – Липково: КМФ Карадаку – КМФ Велес Сабота 18:00 час. – Скопје: КМФ Јувентус – КМФ Шкупи Недела 17:00 час. – Скопје: КМФ Железарец – КМФ Проект. ег/ар/

Остани поврзан