• сабота, 27 јули 2024

Стартна победа на македонските одбојкари во Европската сребрена лига

Стартна победа на македонските одбојкари во Европската сребрена лига
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација со победа ја почна новата сезона во ЦЕВ Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје ја совладаа Босна и Херцеговина со 3-0 (25-16, 25-17, 25-23). Во дебитантскиот натпревар на новиот селектор Ратко Павличевиќ, македонските одбојкари рутински ја забележаа првата победа во групата Б. Неизвесност донесе само третиот сет во кој гостинските одбојкари водеа со 19-18, по што „црвено-жолтите“ повторно се вратија во ритам и забележаа максимална победа пред домашните гледачи во салата „Борис Трајковски“. Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Романија на гостински терен, в сабота, по што следуваат двата натпревари против Албанија. Во премиерниот натпревар од групата Б, Романија вчера триумфираше на гостински терен над Албанија со 3-1. ег/мс/

Остани поврзан