• среда, 25 декември 2024

„Стартапувај 6"! НОВ ЈАВЕН ПОВИК на Фонд за иновации и технолошки развој

„Стартапувај 6

Скопје, 8 март 2024

Објавен е НОВ ЈАВЕН ПОВИК објавен од страна на Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР Стартапувај #6, наменет за поддршка на стартап еко систем во нашата земја
Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани за истражување и развој. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Добиените средства на овој повик се неповратни, со што стартап компаниите во нашата земја добиваат огромна поддршка, но и можност да воведат иновации во своето работење, да го унапредат својот производ / услуга и да остварат успех на пазарот. Од вкупниот буџет на повикот, Фондот ќе обезбеди 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до три години на постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува апликатнот.

На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот.

Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, ќе бидат поддржани активности за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање и други. Како подобни трошоци ќе се сметаат: бруто платите за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој.

Во однос на процесот на евалуација, сите пристигнати проектни апликации ќе поминат низ две фази, односно фаза на претселекција, која се спроведува од страна на три, домашни стручни лица, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериумите за евалуација и едно лице од областите што соодветствува на предлог проектот. Фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кој ја донесува и конечната одлука за финансирање преку овој Инструмент.

Јавниот повик „Стартапувај 6” е отворен до 15 Април 2024 година, до 14.00 часот. 

Целата проектна документација и начинот на аплицирање се достапни на веб страната: https://shorturl.at/koyEH

 

Сојуз на стопански комори на Македонија

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 
 

 

Остани поврзан