• недела, 28 јули 2024

Старо Нагоричане објави конкурс за „Ноемвриска награда 2022“

Старо Нагоричане објави конкурс за „Ноемвриска награда 2022“
Куманово, 10 октомври 2022 (МИА) - Комисијата за одбележување празници и манифестации од Советот на општина Старо Нагоричане денеска го објави овогодишниот конкурс за доделување на „Ноемвриска награда 2022“ во чест на Денот на ослободување на оваа општина. Заинтересираните можат да конкурираат за осум категории, за најдобар сточар, најдобар земјоделец, најдобар спортист, најуспешна фирма, најуспешен наставник, категорија талентиран ученик, најдобар полицаец и најдобар пожарникар. Пријавувањето ќе се врши во архивата на општината, секој работен ден од 08 до 16 часот сè до завршување на рокот, на 21 октомври годинава. Наградите се доделуваат на 11 ноември на свечена седница. ам/дма/

Остани поврзан