• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стармер: Царините на Трамп остануваат закана и покрај паузата

Стармер: Царините на Трамп остануваат закана и покрај паузата

Лондон, 10 април 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека предизвикот од царините на американскиот претседател Доналд Трамп „не исчезнал“ и покрај тоа што тој објави 90-дневна пауза за повисоките стапки.

Трамп посочи дека овој период ќе се искористи за склучување договори со трговските партнери и тврди дека околу 75 земји побарале разговори со Белата куќа.

- Многу сум задоволен од промените во врска со царините, изјави Стармер пред новинарите во Кембриџшир денеска. - Но предизвикот не исчезна, и не мислам дека ова е минлива фаза. Сметам дека живееме во свет што се менува, рече тој.

На прашањето дали е можен договор со САД, Стармер рече: „Нашите тимови разговараат и имаме добри односи. Но мене ми е јасно дека тоа само по себе нема да ги реши предизвиците, тоа е поголемо од тоа, и затоа мораме да се активираме и да ја забрзаме нашата економија“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан