• петок, 27 декември 2024

Стармер на „бакнување рака“ кај кралот Чарлс

Стармер на „бакнување рака“ кај кралот Чарлс

Лондон, 5 јули 2024 (МИА) – Лабуристичката партија по 14 години победи на општите избори во Велика Британија, а лидерот Кир Стармер ќе стане премиер денешната церемонија, на која кралот Чарлс Трети официјално ќе го покани да формира нова влада.

Велика Британија е уставна монархија каде овластувањата на кралот се строго ограничени со закон и традиција. Денешната церемонија е враќање во времето кога кралот имал ексклузивна моќ и го избрал својот најистакнат министер да формира влада. Денес премиер станува лидер на партијата која има мнозинство во Долниот дом на Парламентот, но формално монархот сè уште ја упатува поканата да ја извршува таа функцијата.

- Тоа го одразува нашето историско минато и го одразува фактот дека имаме уставна монархија, парламентарна демократија и затоа премиерот и монархот работат рака под рака. И двете имаат клучна улога според Уставот. И ние сме сведоци на тоа на денот кога премиерот официјално ќе ја преземе функцијата. И двајцата имаат клучна улога според Уставот. И ние сме сведоци на денот кога премиерот официјално ќе ја преземе функцијата, изјави професорката по историја на монархијата Ана Вајтлок од Лондонскиот универзитет Сити.

Прво Сунак прво ќе пристигне во Бакингемската палата за да му ја предаде оставката на кралот, а потоа Стармер ќе ја има својата прва аудиенција со Чарлс Трети.

Идниот премиер доаѓа во палатата на церемонијата позната како „бакнување рака“, иако нема вистинско бакнување. Откако кралот ќе го покани Стармер да формира влада, тој ќе се поклони и ќе му подаде рака на Чарлс, со тоа е предадена власта.

Вообичаено, новиот премиер потоа ја напушта палатата и се упатува на Даунинг стрит за да даде изјава, а вработените го бодрат додека влегува низ вратата со број 10 за да ја преземе работата на владата.

Сунак треба да ја напушти официјалната премиерска резиденција пред да пристигне Стармер.

Кралицата Елизабета Втора за време на нејзиното 70-годишно владеење додели мандати на 15 премиери, додека кралот Чарлс, кој на тронот помалку од две години, вторпат дочекува нов премиер.

Кралот има неделни состаноци со премиерот за да разговара за владините прашања. Додека монархот е политички неутрален, тој сепак има право да го „советува и предупреди“ премиерот доколку смета дека е потребно. Средбите се приватни и прашањата за кои се разговара остануваат доверливи.

Кралот ќе се врати на јавната сцена во текот на месецот односно на првата седница на Парламентот. Традиционално, монархот пристигнува со кочија, седи на престолот во Домот на лордовите и ја носи царската државна круна. Тој ќе одржи говор за законодавната програма на владата.

Кралот има неделни состаноци со премиерот за да разговара за владините прашања. Додека монархот е политички неутрален, тој сепак има право да го „советува и предупреди“ премиерот доколку смета дека е потребно. Средбите се приватни и прашањата за кои се разговара остануваат доверливи. ми/

фото: ДПА

 

Остани поврзан