• сабота, 23 ноември 2024

Стармер: Иран не треба да одговори на израелските напади

Стармер: Иран не треба да одговори на израелските напади

Лондон, 26 октомври 2024 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Иран не треба да одговори на бранот израелски напади и истовремено ги повика сите страни на воздржаност.

- Јасно ми е дека Израел има право да се брани од иранската агресија. Подеднакво ми е јасно дека мора да избегнеме понатамошна регионална ескалација и ги повикуваме сите страни на воздржаност. Иран не би требало да одговори, рече Стармер, говорејќи на прес-конференција во Самоа, каде што присуствува на состанок на шефовите на влади на Комонвелтот.

Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја неколку часа, мета биле 20 цели во земјата.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан