• вторник, 24 декември 2024

Стармер: Безбедносен договор меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде од корист и за НАТО

Стармер: Безбедносен договор меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде од корист и за НАТО

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) - Безбедносниот договор меѓу Велика Британија и Европската унија би бил во корист на НАТО, изјави британскиот премиер Кир Стармер на состанокот на Алијансата.

Зборувајќи во пресрет на самитот во Вашингтон по повод 75-годишнината од НАТО, Стармер изјави дека планот за поблиски врски со Брисел во областа на одбраната и безбедноста е „навистина важен за Велика Британија“, пренесува Политико.

„Мислам дека има простор за подобрување на нашите одбранбени и безбедносни односи со ЕУ и мислам дека ова е во корист на НАТО. Алијансата сè уште е камен-темелник на одбраната во Европа“, рече тој.

Лабуристичката партија соопшти дека сака новиот договор со ЕУ да опфати поширок опсег на теми, вклучувајќи области како што се енергијата, синџирите на снабдување, пандемии и миграцијата.

Според Политико, Стармер направил необичен чекор и со себе во Вашингтон го донел министерот за односи со ЕУ, Ник Томас-Сајмондс, а премиерот бил придружуван од министерот за надворешни работи Дејвид Леми и министерот за одбрана, Џон Хили. Леми и Хили претходно оваа недела рекоа дека Обединетото кралство сака да постигне „ново геополитичко партнерство“ со Европа.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан