• петок, 08 ноември 2024

Стапува во сила забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Северна Македонија и Бугарија

Стапува во сила забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Северна Македонија и Бугарија
Софија, 23 февруари 2020 (МИА) - Забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Бугарија и Северна Македонија од утре стапува во сила. Тоа е согласно воведените измени во Законот за управување со отпад, кој беше донесен по скратена постапка во Парламентот во Скопје, пред да биде распуштен. Со него се забранува увоз на отпад, што се користи во нашата земја како извор на енергија. Ова прашање беше тема на разговор и меѓу министрите за животна средина на Северна Македонија и на Бугарија, Насер Нуредини и Емил Димитров за време на неодамнешната посета на Димитров во Скопје. Бугарскиот министер вети дека од 24 февруари таков вид на отпад нема да премине ниту од Бугарија кон Северна Македонија, ниту од Северна Македонија кон Бугарија. Во врска со прашањето за рециклирање на отпадот, дополнително ќе се разгледува и засега работите ќе останат како претходно. Димитров изрази подготвеност за соработка со властите во Северна Македонија и при контрола на прекуграничното движење на отпадот. Тој увери дека Софија ќе се погрижи да спречи влегување на отпад за согорување во Северна Македонија од бугарска територија. гт/

Остани поврзан